Земете пушки патроли
…и револвери. Пред некое време една од битолските НВО-и реализира проект за отворање на Интернет кафе кое ќе користи Мандрива Линукс. Идејата беше супер. Дури и Лугола беше поканета како група да учествува на отворањето, каде испрати еден претставник поради неможност на останатите. Она што ме нервира е тоа што човекот што ги администрира компјутерите е поранешен консултант и корисник на услугите на групата, но да напоменам никогаш и член на групата. Супер! Јас кога би бил на негово место би кажал Фала на тие кои ми помагаа додека ги учев основите на ГНУ/Линукс. Навистина нефер. За Лугола која како група сеуште се развива навистина афирмацијата може да и’ годи, да не зборуваме за приливот на средстава кои можат да се влеат на сметка на групата. А пак за дотичната НВО…дали тоа беа непрофитни според статут? Мислам дека веќе се каам што не се регистриравме како НВО. Особено Битола, тој дел непрофитна е напишан со онаа опција на фонтот…како се викаше…Strikeout!
Објавено на денешен ден:
- Мол - 2006





