За Сариевски, дел 2
Ова треба да е интересно. На младите дечиња и теткици од пред кафулињата, поставете им ги овие прашања, по одговорот треба да добиете јасна слика зошто не заслужуваме ништо повеќе од ова што сега се случува:
- Од кој е песната „Зајди, зајди“?
- Колку години има Сариевски?
- Кој е автор на „Зајди, зајди“?
Впрочем ако размислам подобро ова е прекрасна можност светот да види што има направено Македонија во своето заебано постоење од уметничка гледна точка. Го имаме Сариевски и Tyler Bates и ние како претсавници на Сариевски. Практично, Зајди Зајди и не е народна песна, тоа го знам со сигурност поради тоа што досега Бугарите ќе го имаа објавено настанов во Тајмс, ќе си штитеа културно наследство. Значи Зајди,Зајди, веројатно принадлежи под авторски права. Со оглед на тоа што секогаш како парализирани реагираме последни, голема е веројатноста за месец-два (што е утешително) Македонија да реагира во однос на ова. Но што треба да направи? Протесна нота? Гадење? Не…треба да каже фала, што еве некој на крај успеал да направи дериват кој можеби според него е подобар за промоција на светско ниво. Заеби македонштина, вчера ја видовме на Википедија македонштината, содржината на Bates беше уредена и вметната реченица „"UUU Tyler!!!, Mamu ti kradas pesni" - Blagoj i Zoki“..смешно? Не е воопшто. Ова е чиста слика на тоа дека појма немаме од к-у-л-т-у-р-а. Абе ни К.
Сабајле додека го правев првото утринско пишкање ми текна, културното наследство и уметноста, во случајот музиката, ви се производ со изворен код, зошто па некој да не направи дериват и да вади пари од тоа? Единствено што направил грешка Bates е тоа што не ставил кредити од кој е оригиналната песна (можеби и не треба?), па така додека се фалиме дека нашето културно наследство му припаѓа на светот дивите копачи во Хераклеа ќе земаат камења и ќе ги продаваат за градење куќи во Гермин. Што можеме _таму_ да направиме? Да ја смириме топката сега, вчера го гледав филмот, прекрасен е, носи нови моменти во филмографијата (како да се разбирам).
Уште нешто: нели имаше бе Чолиќ една песна „Чини ми се грми, дрма или сјева…“ ај да не се брукам со српскиов, али таа е онаа „Зајко кукурајко“ од Сариевски. Та даааам!
Make the knowledge base get better!






Respect
Ауу како ти текна за Здравко Кукурајко :), а никој за тоа не се побуни.. че бапнам една аналогија кај мене. Поздрав