За крајниот испит за учениците од средно
Баш сега размислував дека Македонија е супер земја. Немаш држава, а имаш миљарда глупи закони. На радио слушав за некаков си софтвер кој ќе се користи за испитиување на учениците од средно, па као демек ако добијат оценка ралична од таа на професорот, професорот ќе биде казнуван парично и со отказ.
Нема да зборувам за тоа дали овој начин за контрола на уката е добар, можеби верувам дека е. Но за ова да да функционира беспрекорно потребни се темелно-транспарентни технологии кои ќе дозволат контрола на функционирањето на платформата. Затоа, ако сте ученик од средно училиште и сето ова помине како што замислиле (пошто очигледно не ве бива за тоа да се изборите да не биде така, ќе дадам пример подоцна), барем побарајте софтверот кој ќе се користи за тестирањето да биде СЛОБОДЕН СОФТВЕР. Немојте да верувате на софтвер кој е неслободен и кој треба Вас да Ве тестира. Од каде ќе знаете што прави тој? Можеби ќе направи поинакво процесирање и ќе даде нереална оценка, намерно или ненамерно. Технологијата што треба да се користи треба да е кристално јасна, дури прозирна, затоа што идејата е кристално сериозна. Ако тоа не го издејствувате како ученици тогаш навистина сте овци.
Кога сме кај овци, пред 3 дена, стадо овци.. море ОФЦИ, протестираа пред зградата на општина Битола. Кога новинарката праша еден шупак „Зошто сте овде?“ тој рече „Не знам нешто ќе се полагало, не знам не ме прашвај мене…“ и си замина. Другарите среќно мавтаа како мали деца од зад човек кого го интервјуираат, а сите тие појма немаа зошто се таму. Дали со тоа заслужуваат сите ученици да ги ставиме во рангот на инертни дегени кои веќе не знаат ни зошто живеат? Не, но еве последен апел, станете и запознајте се со Вашите проблеми и пробајте да ги смените работите кои се во Ваша штета! Ако сето ова со оценувањето помине вака како што е замислено, црно Ви се пишува и Вас и на уште поинертните професори кои прифаќаат СЀ што „од горе“ им го велат.
Се надевам дека ова ќе го прочитаат барем 5 средношколци и ќе го рашират зборот и идејата на постов. Не кажувајте од кого е напишана/речена, само ебено раширете ја и спроведете ја! Честит ден на револуцијата!!






Lele kolku kjotek ke krkas ti nekoj den….
Опа почнаа и заканите.
Кога пишев за Тоше ми стигаа SMSи со вакви содржини. Сега можда треба и ферска да договориме?
Реално не ме плашат заканите. Пуши го.
Јас знам ние кога протестиравме 99% од нив немаа појма зашто се таму. Најверојатно зашто не им се правело тестови, а не за тоа какви тестови ќе прават.
Можеби требаше да блогирам зашто законот е глупав, ама ете, или не стигнав или воопшто не бев спремен да го направам тоа. Штознам.
Ова со СЛОБОДЕН СОФТВЕР е доста добра идеја, ваљда мене не ми текна на ова зашто сум дете на постмодернизмот — како што кажа Би уанс апон а тајм.

Енкуражд да напишам пост.
Мило ми е шо те енкуражирав
ајде напиши пост и рашири го зборот низ школите.
Ако сакаш и постери и флаери ќе направиме!!