Зафатен викенд
У тоа сајмиште, чоече, ќе одиме во Сабота на саемот за книгата, јас, Јове, Павле, Дими и Јосип. Таму ќе не пречекаат Маки и Стојанче, малите активисти од Скопје, каде ќе подготвиме околу 1000 летоци кои од 9-11.30 треба да ги поделиме бидејќи после тоа сум зафатен. Летокот е ептен партизански, ама битно е да се пренесе пораката. Еве како ќе изгледа, кажете мислење пред да испечатам верзија која ќе се умножи на 1000 парчиња:
Претходно, во петок Лугола е поканета во Инет, македонска фирма која е претставник на RedHat и која врши обука и сертификација за RHCE. Раководството на фирмата пројави интерес за соработка, не знам и јас за што се работи, ќе објавам информации од понеделник.
Симона во сабота, од 12.00 на пладне има концерт со Ива, организирано од Алеа, во некое кафуле во градскиот музеј. Yuppiieee! Се враќам недела или понеделник. Состанок со Лугола ќе имаме Понеделник.







Абе а нас од Слободен софтвер Македонија не не носиш на состанок со Инет?
Ме викнаа мене, јас ќе одам со Виктор. Не ми кажаа од оССМ никој да дојде.
No comment.
Btw, за флаерот дојдов да прокоментирам.
- Вие со големо В секаде треба.
- Сакаме да ве запознаеме со нас? - глупо малце звучи ова
- Целосно слободен во секој аспект од животот бла бла бла.. никој не го интересира и може да престане да чита уште тука, ја би ја извадил таа реченица.
- Приклучете им се на Лугола! - Приклучете и се на Лугола!
- http://www.slobodensoftver.org.mk, http://www.linux.net.mk
Еј супер. Ај другиот пат коментирај по 2 недели откако ќе објавам
Поздрав.
П.С.
Поздрав
Тоа No Comment се однесуваше на Inet-Lugola состанокот? Се што вие досега знаете за Инет ни беше кажано и нас, само овојпат ние ќе превземеме иницијатива
Арангел responded on 20 апр 2007
Објавено на 19 апр 2007