Зависности
Зависностите повлијаеле барем на една десеттина од корисниците кои се откажале од користење на GNU/Linux во нивната секојдневна употреба на компјутерите. Дали се работи за deb или rpm сепак се добива страшна слика по пријавените 23 грешки за поврзаност на еден пакет со други. За среќа ги имаме системите како Slackware за кои сето тоа не е особена главоболка. Да, и таму постојат зависности, тие постојат и кога компилирате код, но „лекот“ за нив кај Slack е попристаплив.
Иако сеуште сметам дека Slack е љубов прва и единствена и му ги доверувам сите битови податоци на мојот диск, сепак избрав да користам Kubuntu од повеќе филозофски аспект него ли барањето на најдобро решение. Kubuntu не е подобро решение од Slackware. Тоа е факт. Но, има прилично добра заедница (Wiki и Упатства, IRC заедницата е некоординирана), користи аpt-get - знаеме добар решавач на зависности и пред се, нај-пред се, можеби и иницијалната идеја е тоа што *Ubuntu заедницата последниве 2 години има сторено најмногу за развојот на GNU/Linux како десктоп платформа. Тоа може да се смета и како оддавање на почит кон широко-љубивоста на слободниот софтвер од страна на Shuttleworth, човекот е навистина петка.
За програмери што претежно би се бавеле со графичко програмирање (впрочем било какво програмирање може да се обави под било кој GNU систем), Kubuntu е навистина добар. Qt 4 се инсталира од неговиот аpt-get рипозитори многу брзо и ми заштеди и време и нерви, иако тоа Kubuntu ми го наплати како систем последнава недела, сепак, Kubuntu може да е и мојот иден љубимец. Среден систем, веќе и за програмирање. Може да почнам…
Објавено на денешен ден:
- Интервју со Џемсен ван Амадео Торсен, втор дел - 2007
- Ајде уште еднаш - 2005
- Qt упатства, пак (I дел) - 2005
- Утре ми почнува одморот - 2005
- Големо извинување - 2005






Како што спомнав еднаш претходно, во последно време се играм со ArchLinux и прилично е добар за workstation/developer околина. Qt 4.x и PyQT 4 се појавија многу брзо по нивното излегување, на пример.
ArchLinux користи pacman кој не ми личи ништо полош од apt-get (а ја обединува и функционалноста на dpkg). Pacman до сега ме нема зае*бано нешто, солидна алатка.
Пакетите се поубаво средени, нема 7 mysql пакети туку 1 и сл. Навремено се надградуваат.
Е сега главна карактеристика на ArchLinux е таканаречениот rolling release. Верзијата на дистрибуцијата нема некоја битна улога пошто постојано се update-уваат пакетите. Ова може да биде опасно, и дефинитивно не би доверил некој битен сервер на вакво темпо, но ако сакаш да си постојано up-to-date ArchLinux е добар избор. Интересно дека скорешната надградба на gcc од 4.0.x нa 4.1.1 + glibc од 2.3.x на 2.4.x и уште некои витални компоненти од Linux системот поминаа глатко без никакви проблеми, браво за developer-ите.
И конечно основата на ArchLinux (init системот и package системот) се доволно едноставни (на ниво на Slack) така да постојано имаш ментална слика што се случува во системот… а и лесно може да се интервенира во сржта.
Заедницата е ок, без комплекси, и една од предностите на „мала“ дистрибуција е што лесно можеш да се приклучиш со свои идеи во развојот (бидејќи сеуште сме далеку од исцрпување на идеите за подобрување на GNU+Linux дистрибуциите).
Сега за сега во ArchLinux ми фали тоа што нема некој едноставен систем за менаџирање на мрежните интерфејси… т.е. сегашниот е пре-елементарен.
Иначе гледајќи кон иднината, идеалната дистрибуција веројатно би требало да користи Conary (дистрибуиран package manager) и init-ng (ова на Slack не беше тешко да се инсталира - може и на Arch-ов да го пробам).