Желба
Мислам дека ја најдов нај{дебилната,глупавата,ретардираната,неважната} тема за насловна страна што воопшто излегла во историјата на журналистиката и печатениот збор/медиум. Некоја „жижица“ од Ченто која нашла солидна релевантност во она што го прави изјавила дека сака да го легне Бранко. Кое девојчето?

Пејачката Ирена Блажевска (23), позната како Ирена ХХ од неодамна гаси и пали низ познатите ноќни клубови во државата. Оние што ја гледале ја викаат војвотката од Ченто и ја споредуваат со српските мега sвезди како Цеца или Сека Алексиќ?
И дефинитивно Вест со својата имбецилност и хаотичност ни ја открива вистинската причина за успехот и можноста за нејзина промоција во дневниот печат, на оваа “направи сам” пејачка:
- Ќе направам бум во македонската музика. Ќе ги скршам сите табуа на домашната музичка сцена. Господ мене ми дал убавина, глас и се што ќе посака една жена. Моите пет минути допрва доаѓаат”, вели Ирена.
Како вистинска причина за ставање на насловната страна, Вест несвесно го наведува заклучокот, каде Ирена 20ка (или ИксИкс?), вели:
- Можам да го издвојам само нашиот претседател Бранко Црвенковски. Е, тој е вистински маж за мене. Дајте му го мојот број и ќе му покажам како пејам во живо. Него би го легнала и око нема да ми трепне. Бранко има сексапил во себе”, додава Ирена ХХ.
Епа од мене: девојко, и ти ли ќе го легнуваш претседателот? Дајте му нека одмори…
Објавено на денешен ден:
- Длабината - 2007





