Евросонг - прва жичка
Се надевам ќе бидам прв што ќе објави ваква содржина од блогериве. Ги зафркнав, сите спијат хихихи.
Вчера се одржа македонскиот евросонг во Скопје. Покрај тоа што се изнаслушавме дерење, цвикање, пеење на грло и слични срања, почнавме да гледаме и директни обвинувања дека некои песни не се слушале како што треба. Андријана Јаневска излезе и кажа дека и јавиле дека за нејзината песна не бил во ред преносот, тоа веднаш се врзува со филм дека и озвучењето попушти кога ја виде Јаневска, ептен ми е ужас - кога ја гледам ми паѓаат капаците на очите, такво чувство буди.
Вчера мислам дека беше најголемиот дебакал за македонската музика воопшто.
Се спремале, се подготвувале, и на крајот името (не пејачката) Каролина ги зезна сите и ќе оди за Финска. Песната и е ужас, ужас!! Таква песна не врви. Ок, знаеме дека Евровизија е нати-дајми и дека кога кралот не успеа да помине таму со неговата исто така ужас песна, Каролина нема да помине - пак. Што е најјако, на крајот Каролина кажа „Ќе ве претставам повторно во добро светло“, како тоа да го сторила претходно. Каролина е прекрасно девојче, изгледа петка, малку е повеќе слаба, но тоа се балансира со фактот дека е битолчанка, па … што знам, брука на веков. Нека знае дека не победи нејзината песна, туку таа. Баш тоа што не требаше.
Игор Џамбазов - дегенизираниот шоумен. Остарен, циничен излезе на сцената, го исвиркаа, тој испрати неколку бакнежи кон некој во публиката, и почна да кажува глупави шеги. Шеги од времето на „Волшебното самарче“, кои сега веќе и не се смешни - Пајако, Пајако, аеродроми, земјотреси, пријатели пијаници…толку беше дебилен што ја збуна и режијата, па така наместо Кочани испадна дека треба да се јави девојка од Кичево. Тетките што се јавуваа паѓаа во првите 3 секунди на глупавите шеги на Игор, „Фризурата 4 часа ја правеше…а?“ по што следуваше молк, некои од нив викаа „Ало, ало…“ дебакал, вистина.
Видете, 12 градови, нели? Сите дадоа 12 бода за Каролина, нели има нешто?






Не знам шо се замараш со вакви „манифестации“. Не вреди да ти троши струја телевизорот.
Хаха…
Стварно вчера беше најголемата глупост што МРТВ ја направила. Најозбилно песните не се слушаа како што треба преку телевизор. Придушено, па прегласно па тивко, па chirp и сл.
МРТВ вчера се обрука силно. А и ова со Каролина малце како извежбано делуваше. Како, знаеш јас знаев дека ќе победам. Сум победувала и друг пат, иако ја заглавив Македонија две години да не настапува на Евровизија… Хихихи…
Инаку, јас веќе почнав да се откажувам да гледам „домашна“ Евровизија, зашто никогаш нема „асална“ песна.
А таа што падна… хихихи… втората песна…
Еј да таа што паднала…не ја видов, ми кажуваа :)))) брука
иначе, кога Каролина ја заглавила бе Македонија?
Јосип: сакам културни манифестации, сакам музика, па се трудам да пратам што се случува. Хрм…а и смешни се
едноставно забава, воопшто не се заморувам.
Абе јас не ни знаев дека бираме песна за евровизија. А и евровизија е само политика во пракса на подмолен начин така да пет пари не давам за такви глупости.
Али најважно прв објави ваква вест. БРАВО за гемиџи најбрзиот блогаџија