Европски кредит тапа систем
Пред некоја недела се префрлив на новиот начин на студии, ЕКТС, не дека сакав туку дека морав. Сите беа ќеф бидејќи најтешките предмети што ги имавме во 2ра година се претворија во изборни. И тогаш од зад грб ТРАС! Нема октомвриска сесија. Јас изгледа ќе фатам услов ама другите на кои им фали сесија ќе попиздат.
Денес излегувам надвор и гледам црна темница, прст пред око не се гледа. А живеам на една од најголемите улици во Битола, Булевар 1ви Мај. Палам колата и возам. Почнувам да осеќам селски пат. Добро е си викам, сега сум на Партизанска. Двапати тука ја имам дупнато гумата од невидливи дупки полни со вода при врнење. Терам. На семафорите кај Веро го гледам тој семафорот висечи што е, готов да падни и да уништи едно цело Фичо. Арно не дува ветер. Паркирам пред зградата на тетка ми и од една тераса гледам летечки артефакт во форма на фино пластифицирано, домашно ѓубре. Некаде си летна по своја волја. И кога стигнав пред Хотел Македонија во најстрогиот центар на градот веќе ќе се расплачев од реализацијата каде јас живеам. Но ми текна на европскиот кредит трансфер систем што го имаме на факултет. Ми олесна, па ми текна дека живеам во Европа. Чудна Европа каде студенските прашања се претворени во „дежурни дерални“ на стари жени кои држат работно место на други 24/7 нервозни. Европа каде ВЦ-ата се поплавени со течен измет и автоматски чешми што течат нонстоп. Европа каде резултати за испит од витално значење за вашата иднина се чекаат и по месец дена. Европа каде асистентката по С/С++ е потапа од најтапиот студент! Join us!





