Духовите на Натали Портман
Следува еден краток преглед на филм што го гледав пред месец-дена. Текстот е започнат уште тогаш, но сега го завршувам.
Натали Портман е една лоша, лоша, лоша девојка со убаво лице и бенка на симпатично место! Беше глумица која ми беше една од омилените, а одејќи по конвенционалните заклучоци за тоа колку некој филм е добар и сето тоа се прилепи врз актерот, речиси и да не смеам да изоставам да кажам колку лоша глума видов од нејзина страна во еден случајно избран филм, „Goya’s Ghosts“ (исто познат и како „Духовите на Гоја“ или „Fantasmas de Goya“).
Приказната започнува во Шпанија, во времето на иквизицијата. Светата инквизиција. Портман, иако немам ни П од појма за професионално актерство, можам да тврдам до ниво на облог - беше во ужасна состојба. Изигра толку лошо што ми се згади, просто ми се згади. Во текот на филмот забележав неколку патерни во нејзината глума, како што беше највознемирувачкиот (за мене) да ги повторува последните зборови од изречената реченица, веројатно сметајќи дека со тоа ќе прикаже поголема збунетост, страд и страв (пр. “Do you have my baby…have my baby?”). Црквата ја зема девојката која под „Questio“-то (макари, шилци, други справи за мачење) признава дека одбегнала да јаде свинско месо заради тоа што била таен Јудеист. Таткото го вика попот кој пак си ја зареде младата девојка во затворот, на вечера. По жестока дебата успева да му докаже на свештеникот дека мачењето не е начин да се донесе заклучокот преку лажно признание. Попот вели „ако Бог ти помогне, нема да потпаднеш под болката“, тоа и го иницира таткото да докаже дека секој може да потпадне под страшна болка и да признае се што ќе се побара од него, дури и тоа дека свештеникот е шимпанзо преправено во човек за да му наштети на светата инквицизија. До тука филмот ветуваше, имаше малку гнев и желба да видиме што ќе се случи понатаму. Немам проверено но фотографијата и анимираноста ми наликуваа на тие од уште еден, речиси исто толку лош филм, „Преписките на Бетовен“.
Потоа се случува нешто нагло збунувачко. Поминуваат 15 години. Франција ја окупира Шпанија и ги ослободува затворениците на инквизицијата, а свештениците ги става по затвори. Наместо да ги испоубие веднаш, им судат дека се виновни и се чека денот за нивното погубување. Суд донесува свештеникот кој порано беше дел од Инквизицијата кој пак сега, кукавички преминал на страната на Наполеон, добивајќи пари, моќ и ослободување од глупавиот живот на свештеник, според него. Од затвор излегува стара грда жена, која се гледа дека е Натали. За 15 години се чини дека остарела 80г. Почнува да си го бара детето што го доби од свештеникот кој пред 15г. беше „во добра форма“. Но не дека си го бара детето со згрозеност дека била силувана или којзнае што, туку испаѓа дека таа имала љубовна врска со свештеникот и бара сето тоа убаво време да се врати и да си го земат нивното „бебе“ и да живеат нормален живот. Бившиот свештеник веќе има друга фамилија во Франција. Вели дека жената која тврди дека има негово бебе е луда и успева да ја оттргне од него и од околу него…но, бебето на Натали не е бебе. Има 15 години. И е курва. И ја глуми…погодете…Натали Портман. ОМГ…што е ова? Касандра??
Филмот е толку „долг“ (читај досаден) што сега се предомислувам да пишувам уште за него. Завршува со враќање на власта во рацете на инквизицијата, погубување на свештеникот, „курвата“-ќерка гледа од балконот, а мајката луда тргнува по кочијата на која е распослано мртвото тело на погубениот. WHAT A WASTE OF TIME!
Целата поента во ова се состои…во тоа што Натали повеќе не е мојата омилена фаца
Одвратно
Објавено на денешен ден:
- Фото репортажа, Закинтос 2007 - 2007
- SFD2007, подготовки - 2007
- Gaim и SSL поддршка - 2006
- Еве што викаат експертите - 2005
- Summer's almost gone... - 2005





