Дневникот на капетанот - ден трети
Скопје стигнавме 08.00ч., додека да се видам со Симона, пиевме кафе, дојде време за Карпош. Сите 4ца (Јас, Влатко, Павле, Симона) отидовме во Карпош навреме. Имаше многу малку луѓе. Салата беше најдобра досега. Кога зборуваше Влатко, почнаа да доаѓаат и други гости. Најмногу посетители имаше меѓу 09.30-11.30ч., значи за време на презентациите на проф. Азин и Влатко. На крајот имаше 10 души. Ок, работно време, школо, обврски, знам, луѓето се зафатени. Во секој случај лошо за главниот град на Републикава, 20 посетители…
Презентациите одеа во истиот редослед. Влатко имаше нешто повеќе трема од претходните денови. Сепак кажа тоа што требаше да каже. Азин се чини дека секој ден има различна презентација. Презентира стари податоци, како што се податоци за RedHat 8.0, Lindows (проектот поради проблеми со ознака за трговија имаше проблеми со Microsoft(tm)), исто има едно чудо печатни/синтаксички грешки (абсолутно, „Има интересно "(GUI)"“ итн., копиа, можаат, го реферира Linux како име на оперативен систем, итн. итн. итн.). Многу ме буни тоа што г-дин Азин никогаш не останува за преостанатите презентации - да се даде поддршка и на другите исто како што и ние редовно ги проследуваме неговите презентации.. Да се надеваме дека има неодложна работа, иако дента кога бевме Штип некаде пред Велес тој не престигна со неговиот автомобил
Кога дојде Љупчо на ред, заминав на кафе со Симона да се видам. Големо извинување за Љупчо, сепак му објаснав дека сум Скопје на само 6 часа и дека сакам да се видам со девојката, да не ме запишува. Пиевме кафе во … таму некое кафуле на „Ф“ позади „Лептокарија“. Се вративме кога Љупчо привршуваше. Како и да е, на крајот дојдоа претставници од Метаморфозис, кои ја следеа целата моја презентација и полвина од на Павле. По моето излагање Никола стана и кажа дека во завршна фаза е процесот за објавување на некоја од лиценците на Creative Commons на македонски јазик. Процедурата ја опиша вака: за една лиценца да важи во одредена земја, таа треба да биде прифатена од судот/правниот систем во таа земја. За да се прифати, треба да биде на македонски/службен јазик. По усогласувањето на верзијата на македонски, со македонското правосудство и законодавство таа се преведува на англиски (постои само адаптација и нема драстични измени) и се испраќа во Сан Франциско (во Creative Commons организацијата), каде треба да разгледаат дали се задржала поентата и ставовите што лиценцата ги предлага. На моето прашање „Значи Општата јавна лиценца ако не е ратификувана нема да важи во нашата земја и нема да може некој да се повика на неа?“, тој одговори дека тоа најверојатно е така. Но еве што ми текна мене отпосле: тоа е така. Но во однос на тоа дека Вие нема да можете да се повикате на лиценцата пред нашиве судови. Но бидејќи таа е на англиски, веројатно ќе можете да се браните на светско ниво, како и што делува Фондацијата за слободен софтвер. Или пак, во подготовката на правниот процес, лиценцата да се преведе, одведе на нотар, ратификува и примени по што авторот ќе може да се повика на неа. Ме интересира некој што повеќе ги знае овие правнички процедури да каже што мисли.
Објавено на денешен ден:
- Нови авантури со Qt4 - 2008
- Дневникот на капетанот - ден втори - 2007






Тоа дека GPL нема да важи не мора баш да е точно. Прво, законите за авторски права секаде во светот се горе доле исти. Второ, и во нашата пракса има случаи кога и покрај македонска верзија, ултимативно пред суд важечка е англиска верзија на текст. Надобар пример за тоа е договорот на Владата со Мајкрософт.