Дневникот на капетанот - ден први
Денес започна имплементацијата на тоа за кое претходно зборувавме.
Стигнавме Прилеп во 08.15ч., во зградата на општината не пречека тамошниот информатичар (како што ни се претстави), ни даде инструкции каде да се движиме. Ја фатив рачката на торбата од лаптопот…хах…не, салата беше голема, таму се одржуваат редовни седници на советот на општина Прилеп. По краткиот вовед на една елегантна госпоѓа, веројатно од локалната самоуправа, осврт на настанот даде Тоше Мишевски, UNDP Македонија, па започна со презентацијата првиот предавач, г-дин Влатко Трајков (Гевгелија/Лугола). Коментари и забелешки за презентациите:
- Влатко Трајков - неговата презентација беше единствена која се одржа во предвидениот временски опсег. Половина час, чисто, јасно, концизно. Прекрасна презентација, навистина, со примери и факти кои го дадоа Воведот во Слободниот софтвер.
- Колега од Штуловиот Универзитет на Југоисточна Европа, презентираше 2 презентации - се извинувам навистина заборавив како се вика господинот. Неговата презентација мене искрено многу не ми се допадна. Покрај тоа што изобилуваше со англиски термини, за кои има соодветна македонска замена, имаше многу, многу печатни грешки кои не ми оставија професионален белег. Не, јас не сум професионалец (сеуште) и не можам да гледам од некоја таква перспектива, но исто така и не сум универзитетски професор. Некои работи ми беа тотално нејасни. Реченици кои не можев да ги решам во мојот ALU. Во еден момент се откажав од можноста да сфаќам. Само гледав и траев.
- Љупчо Вангелски, исто презентираше две презентации, Споредба на апликации Win vs. Lin и FLOSS ресурси на Интернет. Беше супер презентација - мала забелешка што заборавив да му ја кажам е тоа што во делот каде што кажува како се инсталира верзија на некој софтвер за Linux не кажува дека софтвер може да се инсталира и преку бинарни пакети, пример apt-get и сл. Ништо страшно. Супер беше. Имаше една интересна споредба која никогаш не ми текнала - во однос на тоа зошто има вируси за Windows највеќе луѓето велат дека Windows е најупотребуван, затоа и најнапаѓан. Љупчо постави аналогија - Apache е најупотребуван сервер, па сепак е најстабилен и најбезбеден со што се побива ова претходното - закон!
- Павле Јоноски - презентираше тема која присутните не се знае како ја прифатија. Трагедија. Велам трагедија бидејќи темата беше „Развојни алатки и развојни средини за GNU/Linux“, 90% од присутните беа професори, според тоа што ми го кажаа ПМФ. Сигурен сум дека им беше многу досадно - така наместо да се развие жолчна расправа и дискусија на теми поврзани со создавањето софтвер, присутните како да чекаа Павле да заврши. Влатко ќе ви каже повеќе - ги набљудуваше тетките и нивните фаци, hilarious.
- Јас - патетики. Не бре….беше супер. За цели 100% го продолжив времето на презентација. Така од 30мин. добивме 1ч. кој воопшто не сетив кога помина. Зборував за „Лиценци и лиценцни модели и функционирање на FLOSS заедницата“. Професорите ги допрев кога кажав дека недоволно се грижат за тоа да им објаснат на децата дека постои можност за избор. Дека не им кажуваат за другата алтернатива која е слободна и дека најчесто не се заинтересирани за соработка. Реакција невидена - до ниво на прогласување некоректност од мене, сосема оправдано. Она на кое јас реагирав и објаснав, е следното: професор по информатика кој завршил ПМФ не смее да дозволи да не ги прати новите информатички теркови, па макар и од областа на слободниот софтвер. Така, ако некое дете/ученик запраша негов професор прашање за слободен софтвер - тој не смее да дозволи да не му одговори. ПМФ? Тука дискусијата прекина, се отворија други дискусии, за секции за слободен софтвер, имаше интересни луѓе, едноставно тука веројатно се разви најголема дискусија.
Првиот ден помина супер. Организација, реализација, беше супер. Имаше храна, пијалок за присутните, значи основните потреби беа задоволени. Да се надевам дека утре (одиме за Штип) ќе биде уште поинтересно. Се гледаме.
Објавено на денешен ден:
- Re: Помош за мојот другар Игор - 2008
- Крајот на генералот - 2008






Hey! Супер, би сакал да сум таму. Само ова ми фати највеќе око: за лиценците и за „поддршката“ на наставниците кон слободен софтвер.
1. Наставниците, поготово оние по „креативните“ предмети, како ликовно не знаат дека постои нешто како Creative Commons ниту пак за Inkscape. И + не те слушаат кога им кажуваш за лиценци! Мислат, ај што ми збори овој сеа… да бе децата да ми пишуваат CC до имињата… а како да не, ќе им ја украде некој работата!
2. Барем кај мене, наставникот по информатика лево-десно знае нешто повеќе за слободен софтвер и за Линукс, OOo и сл. алатки. !НО! не ти дава поддршка да користиш слободен софтвер, всушност, за децата како мене кои *мораат* да знаат како да работат во MS Office многу е тешко да изработам „валидни“ документи. Баш сега правев презентација за проект и требаше со другарка да си праќаме едно 10 меила за да ги израмниме недостатоците.
Па вака, дека ти се бориш за училиштата да имаат слободен софтвер повеќе од сите нас. Според мене прво нешто што треба да направиш е да го внесеш ODF форматот. Многу е селски вака кога јас неможам да направам валидни презентации!
Have a nice time on the next presentation that you are going to do!
Супер момче. Интересни аргументи даваш на оваа тема секогаш, пошто си прилично компетентен (како осмо-одделенец), ти благодарам. Еве вака, за тоа со ODF форматот, да, во право си. Но тоа прво не треба да се случи. Прво треба да се повикаат професорите и образовниот кадар воопшто (тука влегува и министерство) да пријдат кон отворање на можноста за обуки и курсеви за слободен софтвер за професори кои тврдокорно се држат до тоа дека нема да учат нешто ново и дека тоа го нема во програмата и учебникот.
Што ти можеш да направиш? да ги натераш другарите да користат опенофис и потоа професорот ќе види дека сакал-несакал мора да научи/предава користење на ODF формат.
Папа
не разбрав дека ќе сте во Прилеп, не дојдов, а сакав