Дневникот на капетанот - ден петти, +резиме
Струга од секогаш сум ја сакал. Прекрасен град. Прекрасни луѓе. Не знам зошто, но кога одам во Струга се чувствувам добредојден секогаш, за разлика од матниот Охрид каде луѓето со вас се однесуваат како со граѓани од последен ред, како со стока. Доколку не се оди во странство оваа година, одморот би го предложил да биде во Струга или во Дојран. Како и да е, вчера беше прекрасно. Малку носталгично по се она што ни се случи на сите нас, особено на тимот од Лугола кој работеше на овие семинари. Јас, Павле и Влатко поминавме навистина квалитетно време во кое научивме многу и во кое се запознавме со многу луѓе кои слушнаа за Лугола и за слободниот софтвер директно од нас.
Струга од Битола е на 1ч и 15мин. па така имавме 2ч. повеќе да поспиеме. Стигнавме таму точно во 09.00. Салата каде што беше семинарот беше најдобра од сите, компактна и елегантна. Така сега може да ја добиеме реалната слика за тоа како поминавме низ Македонија изминативе 5 дена:
- Прилеп - беше најдобро, имаше најмногу луѓе и интеракција со гостите. Имаше професори со кои можевме да дискутираме и имаше пријатен пречек со колачиња, кафе, сендвичи итн. Прилеп: браво!! Иако организацијата беше на UNDP сепак, гостите го прават настанот успешен, тоа прилепчани го направија во најдобро светло. Најинтересен и најопуштен град.
- Струга - прочитај погоре.
- Тетово - како што кажав, можеби 2 пати поголем од Битола, Тетово не фрапира нас сите, особено мене и Павле бидејќи на училиште и подома ни кажуваат дека Битола е втор град по големина…I don't thinkkkk soooo.. Тетово е втор град, па Куманово, па Битола. Битола е 4та. Пречекот исто така беше прекрасен, презентациите се одвиваа некако брзо, иако кога јас презентирав гостите ми создадоа трема, имаа добра душа но лош и груб поглед. Сепак, Тетово е на второ место. Интеракција голема и немаше, но сепак г-дин Алин се погоди тука да им помогне на гостите чиј мајчин јазик е албанскиот подобро да го сфатат слободниот софтвер на нивниот јазик - сепак тоа секогаш е подобро. Жалам што не знам албански за да можам да говорам со граѓаните кои ја прават другата половина од Македонија на нивниот јазик за теми поврзани со слободниот софтвер.
- Скопје - тиња. Едноставно изненаден од тоа колку малку гости имаше. Немаше многу претставници од школите и факултетите, беа само тројца, немаше претставници од фирмите и претсавниците на фирми и компании кај нас и најжално и трагично, освен Лугола, Симона, Маки и другарот негов и Љупчо, немаше претсавници на заедницата на слободен софтвер во Македонија. Скопје главен град - да, да. (ок, работно време, 09.00ч. сабајле…разбирам). Ах да, имаше и претсавници од Метаморфозис (Јорданка+Николче).
- Штип - најлошо. Имаше многу малку гости, многу малку интеракција и дискусии, едноставно нешто не беше како што треба. Сепак ние си го сторивме нашето, дадовме и интервју за едно ромско радио таму и си отидовме happy & gay.
Ако сакате да го сумираме сето ова во една реченица, тоа би изгледало вака: прочитајте ги сите претходни постови со наслов „Дневникот на капетанот - ден …“ и ќе добиете горе-долу јасна слика за тоа што се случувало. Лугола ја запознаа голем број на луѓе - голема благодарност до Тоше Мишевски, што ни пружа шанса да бидеме дел од овој проект и сите разговори кои ги имавме испаднаа баш така, немаше отстапк, благодарност до Љупчо Вангелски кој во своите презентации ниту еднаш не ја заобиколи Лугола како можност за поддршка и дел од заедницата на слободен софтвер и најголема благодарност до Павле и Влатко кои се согласија на жртвата која ја направивме оваа недела. 1300км низ Македонија, секојдневно патување по минимум 2ч., сето тоа заморува. Сега конечно слободно сабајле и време за:
Сликите ги средувам, веројатно ќе бидат на Flickr.
Објавено на денешен ден:
- Замара, Хрчак и Гашта - 2008
- Кратка фото-репортажа - 2007






