Дневникот на капетанот - ден втори
Презентациите се тие што беа. Денеска бевме во Штип.
Стигнавме со упатсвата на мојата другарка Александра (Ацка) која ни кажа каде е собранието, па пиевме кафе во Даблин и отидовме на презентација. Влатко почна, како по планот.
Штип - градот каде имаше најмногу корисници и промотери на слободен софтвер беше некако мртов во однос на ова. На почетокот имаше прилично гости - како врвеше времето тие се ретчеа. На крајот (кога презентирав јас) имаше само неколку (10тина) лојални слушатели со кои потоа можевме да дискутираме за одредени теми. Се дружевме и со Даме. Многу и нема што да кажувам за Штип, освен тоа дека очекував многу повеќе.
Источна Македонија навистина е убава. Рамна, зелена…утре одиме за Скопје - индустријализам!!
Елајте…
Објавено на денешен ден:
- Нови авантури со Qt4 - 2008
- Дневникот на капетанот - ден трети - 2007





