Длабината
X и Y
Не постојат букви како X и Y. Не постојат знаци како + и -. Не постои лошо и добро. Сетоа тоа испадна дека е втора верзија на својот претходник. Буквите што луѓето во земјата на Длабината ги викаа X (Икс, некои дури и Хикс) и Y (ипсилон, а правото име и е _ ) беа предизвикувачи на чести дискусии, полемики и караници во светот на научниците. Тогаш науката тргна по патот на многу компании кои ги онеспособувале можностите на својот продукт. Науката сметаше дека „непознатите“ се нивна сопственост, дека има право да прави врз нив што сака. Илуминатското движење стоеше зад оваа теза: дека ако буквата X се замени со буква која поедноставно ќе претставува „непозната“, науката ќе придобие многу повеќе и на време и на КММ (Капацитет на мозочна меморија). Така излезе втората верзија на буквата X со која се спои нејзината долна полвина и наместо две /\ цртички се доби една |. Така се доби буквата или непознатата Y. Се појавија дополнителни проблеми, компании, здруженија и индивидуалци кои својата непозната (сега веќе X v2.0) ја бараа како валидна во нивните докази, теореми, равенки и системи. Се формираа кланови и друштва за правата на X. Таа заедница стана толку силна што Илуминатската идеја да се отфрли непознатата и правата за употреба на буквите како сопственост на науката неофицијално и пропаднаа. Тоа покасно беше случај и со мрежата која се викаше MSN. Се појави како наследник на ARPANET, како конкурентен модел на Internet. Internet сега веќе е минато. Мрежата денес е неутрална. Науката е пред колапс, а идеите на поединците и друштвата за правата на научните мисли се вреднуваат само од самите нив. X е реалност. Y е измислица на Илуминатите, верзија 2.0 на X.
Ситуацијата е следна. Божем начна идеја дека 2+2 е 5. Реакцијата на Балиџи беше нешто како „Се разбира…дека не е“. Се трудеше да го докаже. На фотелјата каде седеше често, наведнат врз скутот на Божем со лист хартија и пенкало се трудеше да ја докаже апсурдната глупост.
..дискусијата претходеше
- „2×2 се четири..зошто е тоа така..“ - рече Балиџи.
..дискусијата е прекината од краток звук на мониторот што укажуваше дека стигнал предлог за објавена сторија во денешниот број на Диџ Е-зинот. Божем и Балиџи се завртеа…Божем ги забележа стрелките што укажуваа на предложената приказна. Потсвесно почна да чита на глас:
„Не постојат букви како X и Y. Не постојат знаци како + и -. Не постои лошо и добро…“ - продложи да чита.
Настапи нема тишина. Впрочем тишината и нема да е тишина ако не е нема. Кога тишината не би постоела, не би постоела и красноста на музиката и тонот што го дразни сетилото за слух и ви вели дека време е да станете и да тропнете со рачката од метлата по таванот, односно подот на комшијата над вас. Не беше тоа збунка или восхитеност. Беше заинтересираност за текстот кој првпат по псеудо револуцијата означуваше објава на вистината. Во време кога луѓето се навикнаа да ги гонат и тепаат на сред плоштад, речиси никој немаше потреба од осознавање на социјалната вистина и придобивките од социјалната слобода. Текстот продолжи да го чита Балиџи, со забавена интонација на треперлив глас:
„…Божем и Балиџи се завртеа…Божем ги забележа стрелките што укажуваа на предложената приказна. Потсвесно почна да чита на глас:
„Не постојат букви како X и Y. Не постојат знаци како + и -. Не постои лошо и добро…“.
- Што по ѓаволите рече Божем. Влеговме во круг на рекурзија. Божем ги забележа стрелките што укажуваа на предложената приказна.
Потсвесно почна да чита на глас:
„Не постојат букви како X и Y. Не постојат знаци како + и -. Не постои лошо и добро…“
И тогаш снема струја. Циклусот падна.
Објавено на денешен ден:
- Желба - 2007





