Ден на слободен софтвер 2007, во Битола
Имајќи го во предвид постојаниот пораст и интерес на корисниците на компјутери и компјутерски решенија за слободниот софтвер и GNU/Linux (иако кој ретко навистина ги прифаќа и разбира), пред извесно време размислував и на состаноците на Лугола предложив да превземеме иницијатива за прослава на светскиот Ден на слободен софтвер оваа година. Датумот е 15 септември и е блиску со Денот на слободен софтвер на Битола, 21 септември. Двата датуми ќе се спојат во една општа и јавна прослава кон која можат да се приклучат сите кои сакаат да помогнат од Македонија.
Тимот е регистриран, практично тоа е активното членство на Лугола, на официјалниот сајт треба да има допрва информации и да се ажурираат листите и мапите, а во меѓувреме Ви го нудам обраќањето на Pia Waugh, претседател на Software Freedom Day во пресрет на прославата на Денот на слободен софтвер оваа година, на македонски јазик:
Универзалната декларација на Обединетите нации за Човекови права е збир од основни човекови права за кои секој човек ќе каже дека се основен минимум. Не често нашите основни права се земаат во предвид кога се зборува за технологија, но со оглед на се помасовното прифаќање и растот на технологијата, тоа станува сериозно прашање. Технологиите кои влијаат врз нашата слобода се насекаде, во системите за гласање, во нашето слободно време, работата, образованието, уменоста и комуникациите. Зошто сето ова е важно за Вас? Затоа што тоа значи дека основните човекови права кои ги прифаќате здраво за готово, се исто толку слободни колку и технологијата врз кои се базирани.
Транспарентни и одржливи технологии се витални за да се осигураме дека можеме да ја заштитиме нашата слобода. Замислете е-Владини системи како што е електронското гласање. Кога системот работи, гласањето е во нечија сопственост и неслободно, што значи дека не можеме да бидеме сигурни што прави системот и не можеме да се потпреме на резултатит. Случајот со системот за гласање Diebold во САД е доказ за потребата на доверливи транспарентни системи. Замислете некој друг тип на софтвер кој секојдневно го користите кој е неслободен, па врз него применете го фактот дека не можете да бидете сигурни што тој прави! Дали системот за е-пошта испраќа копии од Вашата пошта на некои трети лица? Дали прелистувачот кој го користите прави записници од активностите и автоматски ја испраќа историјата на страните кои сте ги посетиле на некој друг? Најинтересн случај од поново време е кога Sony намерно стави шпионски софтвер на CD-њата со музика издадени од нив кој се инсталираше на Microsoft Windows системите и кој пребаруваше потенцијални пиратски содржини без Ваше знаење и одобрување. Ваквиот однос кон корисниците предизвика нов бран на вируси и е сериозен упад во приватноста на корисниците.И што мислам кога велам транспарентно?
Постои софтвер кој Ви дава право за пристап до неговиот изворен код, како што е слободниот софтвер и софтверот со отворен код, со што знаете (или можете да проверите) без да прашате некого, што одредено парче софтвер впрочем прави. Ќе избегнете несакани изненадувања, шпионски софтвер, местење на резултати од избори и сите други проблеми за кои не можете да бидете воопшто сигурни кога користите неслободен софтвер. Неслободниот софтвер го заклучува изворниот код од окото на јавноста, што кажува дека нема шанса да знаете што тој софтвер прави со што и нема начин да му ја доверите заштитата на вашите основни човекови права.Одржливите технологии се исто така важни и најдобар пример за тоа се неслободните формати на податоци. Зошто денешните генерации не смеат да имаат пристап до љубовните писма, есеи и поеми од нивната младост? Со многуте неслободни апликации кои користат неслободни формати, не можеме да пристапиме до информациите од други програми, па дури и од самите програми во блиска иднина! Кога податоците се складирани во формати кои се слободни и базирани на отворени стандарди, постои можност луѓето насекаде на лесен начин да го имплементираат стандардот со што ќе се овозможи лесен пристап до Вашите податоци од многу различни апликации засекогаш во иднина.
Денот на слободен софтвер е глобална иницијатива со преку 200 тимови во преку 80 земји. Придружете им се на големиот број луѓе кои взаемно си помагаат, а со тоа се осигурува можноста нашите слободи да бидат одржани од технологиите на иднината.
Ново: Lugola на мапата на светските тимови за прослава на денот!
Објавено на денешен ден:
- Frchko - 2008
- Грузија преминува на Kubuntu - 2007
- Lo-lee-ta-too & Парите се отепувачка - 2007
- Првиот квартал на 2007 - 2007
- Информациска сигурност, трибина - 2007





