Делфини итн.
Доста време се обидував да трејсирам зошто Konqueror често пати нема добар „одговор“ (response) при двоен клик на иконката. Ова мене не ми смета. Брзината на пуштање на апликациите не ми се проблем, освен кога тоа го гледам на нечин компјутер на краен корисник кој очекува брзина, стабилност и квалитет. Во однос на брзината на пуштање на апликации засега можам да издвојам примери и од GTK апликациите и од KDE/Qt апликации. Пример, Nautilus се пушта веднаш, Konsole исто така. Искрено, последно време се обидов да користам Konqueror и како стандарден прелистувач за моите потреби. Тоа не е можно од две причини. Екстензиите што постојат за Firefox (кој се пушта исклучително бавно, можеби на второ место по бавност после OpenOffice.org аплиациите), на моменти побавното парсирање на веб страните како и проблемите што ми произлегоа со глупавиот KWallet (можеби е само кај мене, но не ми ги памети лозинките откако ќе чекирам Save Password).
Прибидејќи затоа што претходно-изнесоното не ги задоволува нашите потреби, а и не ги оправдува нашите брборења, на сите кои сакаат брз и убав менаџер за датотеки, а користи KDE, ви препорачувам Dolphin.
Исто така заглавен сум со оваа бубачка кај на компјутерот на С. Ако имате предлози и идеи кажувајте. Имам уште што да кажувам за потребите на крајните корисници што ги оперирам да користат слободен софтвер, ама ќе испадне дека многу критикувам, па ќе го издвојам од овој блогпост. Другпат..
Објавено на денешен ден:
- Моите 2 центи - 2007






Абе каков делфин?! Си чул ли за Krusader?
Nautilus, во ГНОМ 2.16 едвај се пушта. На пр Home Folder некогаш му треба 3сек. некогаш 2мин. Ако користиш Beryl и Фајрфокс - ќе умреш. Beryl ја покажува фајрфокс како активирана а нигде ја нема (затоа сум на Компиз). А кај мене нај спора апликација е Evolution. Да умреш чекајќи!