Деко
„Денес Деко не беше добар. Требаше под итно да се оперира. Зедов ножици и конци и игла и го зеков. Извадов неколку памбучиња. Сега Деко е опериран. Има жица во рачето, но треба да му помине за многу брзо време. Шиењето е малку лошо оти не можи да заздрави како кај луѓето. Тој е од волна и мора цел живот да носи конец. Деко нема нос оти еднаш му падна и му кладов петлица.
Кога ќе пораснам сакам да сум кирург“.
– од збирката раскази „Деко“ напишани од мене кои ги најдов пред некое време и кое ми го поставија прашањето „дал да плачам ил да се смејам?“. Расказите сум ги пишувал на 8г. возраст. Деко е волнена мечка која уште ја има. Патем, текстот е препишан како што сум го пишел тогаш, значи „можи“, „кладов“ не се печатна грешка моја, туку на тој од пред 15 години. 15 ![]()
Објавено на денешен ден:
- Мојот сервер направи еден месец - 2008
- Рашири го зборот - 2007






хаха, ептен забегано….