Две уметнички онеспособени дела, ослободени
На делата кои се затруени со мастилото кое ги држи во парализа извесен период со што им се одзема моќта да бидат тоа што се - чиста уметнотс, им треба нашата помош. Велат „раширете го зборот за нас“. Јас им се приклучувам на повикот, и станувам дел од него, ослободувам 2 уметнички-онеспособени дела.
2. Љубојна - Парите се отепувачка
Сега организаторката од Лазарети ќе може полесно да слушне кои се Љубојна (да, Битола), па да ги повика да свират во клубот следното лето. Ова лето не можевме да им кажеме за нив, бидејќи немаше ништо од нив на Интернет…ај за Фолтин, има нешто (ефективно-рестриктивно, можеш да го слушаш само од сајтот).
Архивите се tar.bz2, под Windows неам идеја кои архивери ги отпакуваат, сепак можете да ја користите GNU-овата верзија на Tar. Исто така, датотеките се во OGG формат, па под Windows користете VLC, што знам јас…
Напомена: Архивите се хостирани на странски сервери, не превземам никаква улога во нелегални активности и прекршување на законот во нашата земја. Се оградувам од се она што посетителите на мојот блог од каде што се линкаат овие албуми ќе го прават со нив.






Не ми се допаѓа ова Љубојна.