Далај Лама во близина
Еден голем човек, преполн со мудрост и знаење за животот и страдањето, доаѓа во наша близина. Доаѓа Тензин Гјацо, познат и како четиринаесетиот Далај Лама. Би сакал само да изразам една скромна почит кон духовниот лидер на поробените Тибетанци, добитникот на нобеловата награда за МИР и да изразам надеж дека еден ден ќе успеат во нивната долга борба за слобода, се разбира материјална иако тие повеќе претпочитаат духовна слобода.
Кога сме кај духовното, Будизмот многумина ја сметаат за атеистичка религија, односно за верување во личноста и самоспознанието и одрекување од боговите и полубоговите во корист на Нирваната или ослободувањето, во контролата на умот и почитта кон сите живи единки подеднакво без разлика дали се слонови, луѓе или глувци. Од моето скромно знаење за далечно-источните религии, а бога ми и од сите организирани религии во светот, ако веќе морам да подредувам, Будизмот секогаш го ставам на прво место. Поради три едноставни причини: не прави му го на ближниот она што не сакаш да ти го прават тебе –во пракса, сочуствувај со другите исто како тие да си ти и реинкарнацијата –воскреснувањето во пракса. Првото е она што црквата на која родум припаѓам (традиционално сум православен христијанин иако институцијата на оваа вероисповед не ја прифаќам како авторитет) никогаш не ме научила. Второто е една од најголемите причини поради кои се откажав од карниворскиот живот. И третата работа како присуство на физика во духовното сфаќање за животот, односно, реинкарнацијата како M*C2. Сѐ преминува од еден вид во друг, па кога ќе станеме храна за црви и тогаш сме се реинкарнирале, во храна за црви.
Далај Лама СЕПАК повеќе го почитувам како борец за слобода, како политичар и како многу јака фаца. Плус и знаел да левитира ![]()






За првата причина: речиси не постои поголема светска религија која го нема воспоставено тој принцип на однесување, кој инаку уште се вика и „база на човековите права“. Прочитај повеќе за ова на Википедија:
http://en.wikipedia.org/wiki/Ethic_of_reciprocity
Благодарам на информацијата, но јас не реков за воспоставување, туку за почитување на тој принцип. Инаку тоа е златно правило во сите религии.
http://integral-insight.com/blog/wp-content/uploads/2007/05/golden-rule.jpg
Ама ретко која го почитува.