Гостувам во Прилеп
Денес, петок 30 март, гостувам во Прилеп, по барање на НВО „Слободен софтвер Македонија“ како дел проектните активности на UNDP за имплементација на слободниот софтвер во локалната самоуправа/администрација.
Интересот е добар, досега одржав едно предавање на тема „Вовед во слободен софтвер“ и „Лицеци и авторски права“ и беше интересно. Од 15.00ч почнува второто предавање. Во Струга ќе се патува веројатно следната недела, меѓутоа од Вторник до Четврток нема да бидам достапен поради тоа што имам обврски со факултетот (ќе учам и полагам и сл.) па тоа ќе треба да го решиме.
Со Винета зборувавме да се направи инсталационен фестивал во Прилеп некоја Сабота, како активност од Фондацијата за информатичка технологија, тукашната НВО (Младински совет или така нешто), или пак општо предавања со практични примери за работа на слободниот софтвер. Ако сте од Прилеп Ве повикувам да се вклучите во ваквите активности, да направиме терен и поле за делување и во Прилеп.
Поздрав






Винета нема појма од линукс.