Викенд-end
Заврши бурниот викенд. Се вратив од густото, сиво, врело и згужвано Скопје во посвежата Битола. Имав навистина интересен викенд. Се чувствувам прекрасно. Најпрво и најбитно што се видов со С. и што се запознав со некои нови фаци. Краток преглед.
Стигнав петокот, веднаш со Виктор заминавме во Inet, зборувавме за тоа како може да се шири соработката меѓу Лугола, новото НВО и нив. Веќе размислуваме на некои активности и проекти, само за тоа потоа. Иначе ни дадоа маички од RedHat и пенкала. Нејсе, Сале беше побрз од мене па му кажа на цел Он.нет за тоа (барем така ми кажа Арангел)
Во интерес на соработката, околу мај, кога ќе излезе Fedora 7 ќе ја инсталирам за да видам што се случува со дистрово.
Саботата сабајле јас, Маки, Стојанче, Дими, Јове и Павле, пропратно и Мартин и Климент (од пасивните Луголаши), поделивме ~600 летоци за Лугола. За летокот реагираа девојчиња и момчиња, некои не препознаа, еден тип ме праша дали сум Александар Ба..(нешто кажа)..ски бидејќи ме читал (веројатно на блогов) и некои девојчиња ги чепкале Стојанче и Маки. Ах да, го запознав Стојанче. Потоа отидовме на концерт кај С. што се испостави дека е проба за вечерта. Секој подома. Вечерта беше особено интересна. Се запознав со Алеа, тоа е музичка агенција која менаџира млади и искусни артисти од Македонија. Соработка и со нив, но овојпат приватна. Особена чест ми е
С. испеа прекрасно, па на самиот крај на седенката во Интро (музеј) се запознав со Ана&Игор Дурловски. Многу забавни луѓе, Ана е прекрасна и во живо.
Неделата отидовме на ручек и на саем, саемот катастрофа. Дежа ву, дежа ву!
Денес си дојдов.





