Бучко
Бучко во Битола е Касапница која печали на невините животи на животните, кои немаат никаква моќ да направат ништо. Впрочем не знам дали сеуште функционира касапницата, но ете, во Битола ако прашате „Што е Бучко?“ прво ќе ви кажат „Касап“, а потоа „Премиер“. Во двата случаи добивате одговор кој по фабула не се разликува од претходниот или следниот (соодветно).
Во колумната, објавена во Април 2004та година на http://www.linux.net.mk, кажав неколку работи кои се поклопуваат со работите што се случуваат деновиве:
„Така, ќе одиме на ручек кај некој кој го претставува чичкото со очила, кој пак нема врска каде е Македонија, а камоли што се случува тука, па ќе рече „Сега ќе ручаме и цела цена што ќе ја платам за ручекот ќе биде иста како што вие би ја платиле и за наш производ“. Така седнуваат во луксузен ресторан, нарачуваат некој Chivas аперитив, да наздрават. Потоа следува мозоче од јагне, поховано, со прелив од пасирани корнишони и мајонез, проследено со лажичка кавијар. Типот ќе нарача уште по еден аперитив, по што ќе дојде главното јадење. Но, келнерот се лути. Секојпат кога доаѓа никој не му остава бакшиш. Секогаш кога ќе повикаш некаква услуга имај на ум да оставиш… 50-тина долари. Сега келнерот е задоволен. И моментот на вистината, главното јадење. Едно печено прасе со јаболко во устата, наоколу компирчиња и отстрането мрсно месо, лимон, 120 годишно вино од најдобрите лозови полиња на Франција, повторно кавијар и по еден ордевер на човек. По ова следува десертот. На келнерот му се наплаќа цената за повикување. За десерт: крем-карамел прелиен со течен карамел, со црешна, и шлаг од јагода. Ама сега видиш, нема лажичка. „Келнер…нема лажичка“. А овој сега си вика, “А за тоа ќе треба плус да платите. Како сакате да јадете без лажичка? Ако сакате може да платите 50% од цената на лажичката, 20% земете вие, 30% јас и никој да не знае“. Погодено. И каде е сега договорот? Момент…„Сметката“. Доаѓа келнерот и ја носи сметката, 650$. Да, не чудете се, ова е Америка, земја каде виното и кавијарот не се луксуз. Еден оброк ќе ве чини толку. Сакате зделка? Но…и тогаш се јавува гласот „Внимавај да биде легално…“ и одлучувате. Но од тие 20% што ги зедовме од келнерот 10% за вас? Готово“





