Бојкот за Trend Micro
Производителот на неслободен софтвер Trend Micro поднесе тужба против Barracuda Network, неодамна. Поради прекршување на патенти, се разбира. Тврдат дека Barracuda Network, преку нивниот производ - Clam Antivirus (ClamAV), прекрши некој нивен патент.
Повик за избегнување на било кој нивен производ. Затоа што компаниите кои произведуваат неслободен софтвер се штетни. Уште поштетни, дури и подли, се компаниите кои преку софтверски патенти нелојално сакаат да ја уништат својата конкуренција, во случајот софтверски производ близок до нашите софтверско-философски убедувања.
Ваквите судски процеси се закануваат на целата IT заедница, а со тоа и на целата заедница на програмери на слободен софтвер. Многу малку може да се направи за да се спречат троловите од злоупотреба на патентите и легислативата за финансиска придобивка се додека не се стави крај на софтверски патенти воопшто. Но ваквите тролови како Trend Micro може многу лесно да се казнат. Со тоа што ќе им кажеме на сите идни корисници на нивните производи дека со согласувањето за користење на нивен производ, се согласуваат со НАПАДОТ што оваа компанија го прави врз програмерите во светот.
Бојкот за сите нивни произоди. Бојкот за неслободниот софтвер.
Реф: http://www.fsf.org/blogs/community/boycottTrendMicro.html
Објавено на денешен ден:
- GNU merchendise - 2008





