Белото под кулерот
Вчера го менував кулерот. Го извадив стариот, го статив новиот. Забележав бела густа маса на делот под кулерот, тој што е во непосреден допир со процесорот (или што и да е таа плочката
), го избришав мислејќи дека е нешто валкано. Го ставам во наизменична 200волти струја, се пушта и во првите 3 секунди целата машина се гаси. Го правам тоа така 3-4 пати. Истото…на крај во кутијата од новиот кулер најдов мала кесичка со бела густа маса. Помислив дека кулерот не треба да има спроводлив допир со процесорот. Ги измачкав и двете страни со белата маса. Работеше. Поука, ако менувате кулер, имајте ја во предвид малата кесичка што доаѓа со него. Сега компјутерот работи 150 децибели потивко, не се рестартира и исклучува и тоа.
Инсталирам Qt 4.0 во 4 gcc процеси, слушам музика. Помислив да видам како се однесува мојот Слеки на мулти-тред операции. Пуштив филм. Сецкаше со Тотем, со Ксин не ни сакаше да мрдне (или одше ептен бавно). Имам 760 МБ Рам ![]()
Објавено на денешен ден:
- Zeitgeist - 2007
- Нешто сосема нелогично - 2007
- Како изгледа успехот? - 2006






ццц, не си знаел дека под кулерот се става термо проводна паста???
и не секогаш е бела… подобрите се сребрени.
иначе, на едно процесорска машина џабе компајлираш со make „-j4“, максимум што можеш да извлечеш е со „make -j2“ и поентата на компјлирање со повеќе процеси е cpu-то повеќе да работи, т.е. да се избегне чекањето на спориот диск… но сепак пробај да го старташ копмјлирањето со:
„nice make -ј2“
па после види како ти иде со xine.