Бебето Ве носи поблиску до бога
Денес отворам весник и можам да кажам дека првпат по долго време се згрозив. Немав отворено весник одамна, читам онлајн изданија во кои ги нема комерцијалните огласи на Владата, како и приватните реклами…али бев во ВЦ, шо да правам .. u know what I mean
На една страна пишуваше „Создавајте семејство“ или нешто така, нешто потаму „Со раѓањето на ново дете, секоја фамилија е поблиску до Бога“. Ок, интересно, иницираат повеќе-детни фамилии, НО…тадам…што е со луѓето кои не можат да имаат деца поради неплодност? Дали тие ќе се толку далеку од Бога? Како се чувствуваат сопрузите или жените кои не можат да оплодат/бидат оплодени поради стерилитет или некое сериозно здравствено заболување? Како државата ќе ги реши социјално овие фамилии?
Знам, во Кина имаше бенефиции за фамилиите кои ќе имаат само едно дете, да се стимулира наталитетот, замислете, им плаќаа за да не раѓаат деца (којзнае колку далеку од Бога се Кинезите хехе)..и што е со потенцијалните родители т.е. сопружници кои се атеисти? Пораката дека со секое дете ќе се поблиску до Бога и тоа како ќе ги демотивира да „работат“ на случајот
Зачнувањето, раѓањето и одгледувањето дете е магија…не предизборен маркетинг за перење на пари.
Објавено на денешен ден:
- ATI 'fglrx' U/K/X/buntu пропуст/решение - 2008
- Lynch за iPhone... - 2008
- Ажур - 2007





