Информациска сигурност, трибина
Штотуку се вратив од Скопје. Бев вчера на трибината за Информациска сигурност организирана од Метаморфозис, и да се видам со некои луѓе таму. Најзначаен веројатно беше муабетот со Новица, Дамјан, Арангел и делумно Миша и Стама. Зборувавме тоа што зборувавме, се надевам некои работи станаа појасни меѓу нас…барем. Сепак, ништо важно за во јавност.
Трибината значи…почна 11.30, бев пријатно изненаден од Јован што се сети и ме покани директно пред недела дена, па отидов. Имаше 3ца дискутанти, Љупчо Трајковски (консултант за сигурност), Сашо… (некаков си експрет) и Неда Здравева (Правен факултет „Јустинјан Први“). Тоа што го зборуваше првиот презентер, г-дин Трајковски, не го сконтав баш, баш. Разбрав дека не заработува многу од консалтинг за сигурност, дека и во Америка е исто така, дека има кредитна картица која ако нема компјутер и банкомат е неважна и дека често има проблеми со вируси. Еден од присутните беше запрашан што прави кога е нападнат од вирус. Ќе ви кажам што правам јас. Не знам кога сум нападнат од вирус, затоа што тоа што го користам јас не е ранливо на вируси. Ок, беше интересен презентер бидејки имаше неколку нагли потези и ме засмеа.
Г-дин Сашо беше нешто поинтересен, иако мора да признам фактот што бев спан 2 часа ме остави без целосна концентрација и малку залетав додека тој зборуваше, се што ќе кажам за него би било нефер бидејки не го слушав баш-баш.
г-ѓа/ца Здравева од Правен факултет имаше презентација преполна со информации, пренатрупани сладови и престручни поими. Ок, не сум јас правник или сл., па затоа некои работи ми беа тотално вонземски, но сепак имав впечаток дека се работи за лице кое знае што работи и знае што зборува. Ми се сврти едно прашање во текот на нејзиното зборување. Значи имате закон за пристап до информации од јавен карактер и имате право за задржување на приватноста, според Уставот на РМ. Поставив две прашања кои се обидов да ги сумирам иако не успеав бидејќи микрофоните (и камерите) ми прават страшна трема
Конкретно прашањето се однесуваше на тоа што, кога некој сака да пристапи до некои информации од приватен карактер за некоја личност (пр. новинар сака да ја дознае платата на некој функционер), тој треба да ги добие, но од друга страна се нарушува правото за приватност кое му следува на функционерот. Или барем така мислев. Сепак нема судир на двете регулативи (закони) бидејќи не се работи за процес преку кој секој може да добие информации за одредена личност. Тоа е процедура и повторно е под контрола на правила регулирани по закон. Ок, ова само ми се нафрли. Тоа што повеќе ме интересираше и што го поставив во чорба варијанта беше, колку се битни отворените стандарди и формати при зачувувањето на сигурноста на информациите на корисниците.
На ова одговори Јован од Метаморфозис, одговорот беше дека навистина се битни и поради стандардизација и интероперабилност, но и поради самата сигурност на податоците (ок, ова јас парафразирам), сепак сето тоа можеше да прејде во сосема друга дискусија (како на пример дека никој не гарантира ако некој користи .doc формат дека по 10 години ќе има пристап до информациите складирани во него исто како и сега).
Покрај сета оваа дискусија научив од г-ѓа/ца Здравева дека, кога корисникот потпишува договор со компании производители на неслободен софтвер, компанијата му гарантира за интегритетот на податоците. Wrong! Како што кажа Дамјан (кој и го иницираше прашањето), тоа можеби од правен и теоретски аспект е така, но практично не е. Ако компанијата утре ја снема, го снемува и интегритетот на податоците, а тоа влијае врз сигурноста на информациите на корисникот.
Немав многу време, околу 13.20ч. си заминав со компанијата. Ова се обидов накратко да нафрлам што се случуваше од моја гледна точка во Стопанската комора, вчера напладне.
Објавено на денешен ден:
- Frchko - 2008
- Грузија преминува на Kubuntu - 2007
- Ден на слободен софтвер 2007, во Битола - 2007
- Lo-lee-ta-too & Парите се отепувачка - 2007
- Првиот квартал на 2007 - 2007






Иако мислам дека уопште не заслужува да се блогира настанот, сеа ја да пишам како беше стварно. Не знам уопште зашто не викнаа нас кога ни разбираат што збориме уште па помалку знаат да одговорат на некое релеватно прашање а ОНИ се експертите што треба да ја развиваат таа работа понатаму. SUX! Првиот презентер беше неписмен, не знаеше да збори македонски, немам повеќе што да додадам. Да беше тоа туку така ко што го раскажуваше госпо(ѓа/ица) Нада, тогаш ќе требаше да можам да ги тужам мајкрософт за секој пат кога сум фатил вирус и сум ги изгубил документите од My Documents - во реалноста тоа не функционира така, можеш да изгубиш се и никому ништо. Сашо е хардкор Windows-аш и сигурно добива алергија коа ќе слушне нешто што почиња со „open“… Тоа се експертите што ќе даваат препораки за закони и ќе прават стратегија за информациска БЕЗБЕДНОСТ (да така се вика, не сигурност) во државава. ТАПА!
Иначе, да, Љупчо Трајковски се чини не знае да зборува македонски
имаше смешни фрази како:
Чињеница
Свачија
Веднага
Бесни домаќинки
итн.итн…