Мокрадули
Македонија како една од најразвиените земји во регионот во текот на 2003та година, на чело со тогашниот премиер Црвенковски и _не знам што беше тогаш_ Јани Макрадули, одлучија од џебот на народот што во документите и официјално се вика Буџет, да одвојат милиони евра за потпишување на „Стратегиски договор“ со Microsoft.
Иако ни 60% од договорот не е реализиран (што укажува на фактот дека тој може да се раскине во секој момент), Време донесува уште една добро позната и бизарна ситуација, што мене, а се надевам и Вас и не ви е толку нова. Во денешниот број, на насловна страна Време „вели“:
И ПОКРАЈ СТРАТЕГИСКИОТ ДОГОВОР СО МАКЕДОНИЈА
„Мајкрософт“ и со „Виста“ продолжува да не фиромизира
Се огласи и човекот кој не убедуваше дека договорот со Microsoft не направи ништо лошо, туку напротив доведе до отворање на неколку нови Веб сајтови на мрежата преку кои македонските граѓани ќе може да прават чуда - пример: да проверат дали ги има на избирачките списоци пред и за време на актуелни избори (или вон).
Во текстот меѓу другото се вели:
Нејасно е зошто „Мајкрософт“ и во најновата верзија на „Виндоус Виста“ како додавка на македонскиот јазик ја користат кратенката ПЈРМ кога уште пред извесно време Соединетите Американски Држави не признаа под уставното име. „Време“ се обиде за овој проблем да разговара со Илијанчо Гаговски, директор на претставништвото на „Мајкрософт“ во земјава, меѓутоа поради службено патување тој не бил во можност да одговори.
Еден концепт кој постои надвор кој и беше понуден на Шеќеринска, Макрадули, Црвенковски и компанија вели: ако нешто не ви се допаѓа, направете да биде како што сакате Вие. Република Македонија тој концепт го одби - сега ќе играме на музика што друг ќе ни ја осквернавува, ќе вееме танци и ора кои не закопуваат до гомна уште сега, а камо ли кога Vista ќе тропне на високо и во јавниот сектор. Тој концепт се нарекува слобода.
Објавено на денешен ден:
- Новинари - 2008







Лее ова за виста не го знаев, пичка им матер. Тоа е една работа што ќе ги допре сите граѓани ако ништо друго не допира до нив во врска со целава работа..