Анонимните протестираа
Групата хакери за која речиси нема кој не знае, познати како Anonymous, денеска излезе на улиците и протестираше против Црквата на Скиентолозите. Ме возбудува тоа што во маски протестираат пред зградата, задржувајќи си го реномето на анонимност, иако повеќе би ме возбудило кога би протестирале без маски во слободен свет. НО, црквата веќе ги прогласи за сајбер-терористи и веројатно ќе спроведува (ако веќе и не го прави тоа), за DDOS нападите и недозволеното пуштање на материјали од „ризницата“ на црквата (видеото со Том Круз), кое ликнало на мрежата без одобрување и знаење на сопственикот и носителот на авторските права - ЦнС:
После тоа, Anonymous испратија уште една, многу поконкретна и појасна порака до ЦнС. Мислам дека добив чувство дека анонимните немаат ништо против идеологијата на скиентолозите (иако неколкупати имаше јавно исмевање на митовите за Зину и однесувањето на Том Круз и другарчињата), туку против чиновите на кражби, убиства и масовно ширење лаги во име на подобар живот за луѓето во светот, а со реална цел за поголема заработка за вработените во ЦнС:
Хабардовиот центар во Битола, колку што знам јас е затворен, веќе..би сакал да им се придружам
„Пишување по еден збор за едно пени е смешно. Ако човек сака да направи милион долари, најдобриот начин е да започне негова сопствена религија.“, Л. Роналд Хабард, основач на Црквата на Скиентологијата
Објавено на денешен ден:
- Coca Cola убива - 2007






Здраво Гемиџи,
Моето мислење што се однесува за скиентологијата не само што е перење на мозок, туку и перење на пари. Иако како ,,наука” верувам дека сигурно има доста паметни мисли содржано во неа. Нејсе..
Хабардовиот центар во Скопје има не едно, туку две фино позиционирани места. Првото е во Порта Буњаковец каде е завземен пола спрат од една зграда, а второто е во сторгиот центар на Скопје, спроти Мекдоналдс, на самата улица во куќа веднаш до Италијанската амбасада. Имав можност во рамките на еден проект да работам на спратот над нив и верувај дека за таков простор и на таква местоположба потребни се минимум 1000 EUR за кирија, и уште толку да одржување.
Што се однесува до идеологогијата секој може да верува во што сака, но не и да ме лаже дека во рамките на својата филозофија луѓето ќе имаат подобар живот. За жал бев сведок како се распадна една фамилија во мојата блиска родбина токму поради фактот што едниот член беше моќно загрозен со нивната идеологија за подобар живот, која воопшто немаше никава допирна точка со реалноста.
Кога сме веќе кај скиентолозите, имаат тие еден прилично обемен тест од 200 прашања на четири листа и на насловната со Алберт Ајнштајн. Тоа се така фино конципирани прашања каде можностите за одговор се дадени во 4 варијанти - Да, Не, Можеби и Не сум сигурен/на. Меѓутоа, тоа е толку фино и перфидно направен тест што кој год одговорил, резултатот кој ќе се добие е дека персоната е беспомошна, нестабилна, депресивна и асоцијална, па ете тука се тие да и помогнат. И потоа следи лоботомија.
You got the point.
Мислам дека е ова тема за која треба јавно да се зборува, бидејќи тивка вода брег рони, а сум видела многу ,,заведени” луѓе. Фино што пак ја актуелизираше.
Поздрав
“против чиновите на кражби, убиства и масовно ширење лаги во име на подобар живот за луѓето во светот…”
Во овој смисол, сите религии во светот се исти.