Анархија, all over Битолска чаршија
Е оваа недела ќе биде онака бунтовна. Во Битола гостуваат Rebel Clown Army. Се карактеризираат со тоа што „регрутираат“ членови, ги обучуваат да бидат кловнови на бунтот, и одат по улиците на градот (во случајов Широк Сокак), и задеваат административци, прикажуваат анархија на мирен и шеговит начин и преку тоа искажуваат несогласување со досегашните глобализациски насоки на светов.
Покрај тоа ќе има гостување и на Rytham of Ressistance - самба денсери нешто слично како кловновиве со таа разлика што тие постојано играат Самба
Видео Арт работилницата ќе биде отворена за Лугола. Ќе се презентираме ние, движењето за слободен софтвер во светот и Македонија, GNU/Linux, и ќе го презентираме новитетот Elephants Dream со што ќе го потенцираме Видео потенцијалот на слободниот софтвер.
Во Битола ќе има движење. Се надевам ќе биде забавно. Еве јавно сите Битолчани ги поканувам да бидат дел од настанот, Хераклеа, ваму, таму, видете на оваа страна.





