Ажур
Многу мразам блог-постови во кои корисниците се жалат дека немаат пишувано долго време. Немам пишано долго време, жалам.
Извесно време сум зависник на apt-get и моќта што оваа алатка за решавање на зависности ја нуди. Ниедна друга како неа не е (лију ми тешке новембарске кише), арно ама вчера пренатрупаниот Feisty (кој го ажурирав уште од Beta 2) почна да ми исклучува и почнав да губам податоци. Ај реков, отиде Kubuntu во историјата. Имам премногу работа и ми треба сигурност и ажурност на системот. Срежав Arch Linux, по многуте добри прегледи и рецензии на Интернет, по многуте убави зборови од Дамјан и Миша. Се инсталира без проблем за 8 минути. Прекрасно! Ми требаше малку време да го осознаам pacman (тоа е алатка за решавање зависности на пакетите во Arch, а се користи и во многу други дистрибуции поради моќта што ја пружа(ла)). Arch Linux е претерано брз систем. Таква брзина не сум осетил уште од Slackware. Меѓутоа на мрза како мене супер му доаѓа систем како Kubuntu, среден и стабилен и пред се базиран на Debian. Првиот проблем во Arch се јави со брзината на Интернет врската. Одеше со 100kbps, значи некаде 10-17kb/s, што за врска од 2 Mbps и тоа како е чудно. Истражував 10тина минути, следев пакети и ствари, пингав сајтови. Го најдов ова. И баш тоа мене ме погодува, и баш решенијата не го решаваат мојот проблем. Мојот глупав Repotec рутер направи проблем, но во сите други дистрибуции работи прекрасно.
Звучната картица не беше најдена . Можеби затоа што имам 2, но ни двете не ги најде. Се случи по извршувањето на 'find -iname…" да ме исфрли од шел и карактерите да ги прикажи во нечитлива форма. Нешто како хиероглифи. Тоа се случи 2 пати
Можеби ќе го средев системот, но досега времето што требаше да го посветам на Arch го посветив на свежата инсталација на Feisty (кој е прекрасен, мора да признам!) и ми остана цела вечер да работам на..тоа што требаше.Ќе дадам шанса пак за скоро, можеби кога ќе бидам растоварен, засега продолжува фистиум!





