Врати на контакт
Една од работите што ме нервира кога сакам да комуницирам со негого е игнорантноста. Игнорантноста и игнорирањето. Ентерпрајс компаниите функционираат така. Меѓутоа тогаш кога не се работи за соочување и судир на мислења, идеологии и принципи, многу е зафркнато кога човек кој бара информација биде изигнориран. Замислете ова, некој сака да купи рутер за безжична врска. Разбира дека firmware-от работи на Linux системче. Испраќа пошта до Login Systems да ги праша дали знаат какво е нивното искуство во врска со овој уред. И не добива повратна информација. Ќе се обрати кај друг, ќе добие информација и задоволен ќе си го купи од таму.
Губи Логин, губи и корисникот. Тоа ми се случи мене. За да испаднам фин и отворен за соработка, по потреба да посредувам за купување wifi рутер од Linksys, испратив писмо до Login Systems. Ништо посебно, здраво, разбрав дека рутерот работи со Linux, дали можете да ми дадете информации за неговиот квалитет и искуство со корисници кои веќе го користат. Сепак мислам дека се работи за мнение дека ги провоцирам. Напишав дека сум промотор и поддржувач на GNU/Linux и плус во потписот ми стои Coordinator of the Lugola, па можеби помислиле дека сакам да ги доведам до друг заклучок.
Професионално, битно е да се одговори на прашање поставено преку е-пошта, макар тоа да е и провокација, пцуенка, кавга или просто прашање на лаички корисник кој сака да дојде до информација, нели?






„мнение“? њтф?
Што не си прашал поширока публика. Рутерот е закон
имам искуство со четири разлини на разлини места, а за жал мислам дека Login Systems нема да изгубат пошто они се увозници и сите такви идат преку нив.
Сепак игнорантноста е ужас, се сложувам