Boycott Trend Micro

Piratebay тужи! yeah!!

Ги обожавам дефинитивно. Обелиск ќе им кренам! :)

Ужас!ЛошоНе е лошоДоброОдлично (Сеуште нема рангирање)
Loading ... Loading ...

Бил Гејтс смрди. Дали?

Луѓето имаат впечаток дека активистите за слободен софтвер го мразат Гејтс или дека сметаат дека е лош човек. Отсекогаш се трудев да го докажам спротивното. Немам ништо против било кој човек (ок освен против неонацисти, фашисти, скинери, националисти и расисти), па така немам ништо ни против Бил Гејтс. Многупати типот донирал во добротворни цели (барем така ни сервираат), има(л) трговски способности и направи тоа што направи. Немам ништо против ни кон Microsoft. Компанија, исто како и „Св. Промет“ колонијалот/билјарата во Битола. Но сега е готово. Гејтс си замина во пензија. Нубовите ќе се радуваат дека си отиде лошиот тип, бизнисмените ќе анализираат, новинарите ќе воспеваат и сл. Ќе дојде некој друг на неговото место. Ако работите стојат вака, тогаш зошто не користам Windows? Многу очигледно, поради тоа што се работи за штетен лиценцен модел кој Гејтс го создаде и уфрли во игра, го прошири и речиси наметна на многу други компании. Тоа е единствената работа кон која имам нешто против. Неговиот удел во создавањето монструм. Нема да протестирам против Бил Гејтс, ќе протестирам против нивниот EULA, ниту против Стив Џобс, туку против нивниот DRM-преполнет хардвер, софтвер и сл. срања.

Замислете да се бориме против Microsoft? Невозможно. Гејтс создаде империја против која ретко кој може. Подобро ќе се бориме против моделот кој ограничува отколку против една моќна компанија како нив. На тој начин ќе добиеме една борба, а многу жртви на спротивната страна –бизнис/лиценцните модели прифатени од редица други компании кои развиваат неслободен софтвер. Се разбира, ни таа битка нема да оди лесно. Ама не можеме и не смееме да се откажеме. Радо, велам радо, би сакал да речам дека се борам ЗА нешто отколку ПРОТИВ нешто. Но со тоа што ние се бориме ЗА слободен софтвер и тој лиценцен модел, ние практично сме ПРОТИВ неслободниот модел. Сакале несакале.

Дополнително се мотивирав од текстот на RMS кој го добив непосредно пред пишувањето на овој пост :)

Ужас!ЛошоНе е лошоДоброОдлично (Сеуште нема рангирање)
Loading ... Loading ...

Матрица на компетентност

на програмерите.

Ужас!ЛошоНе е лошоДоброОдлично (Сеуште нема рангирање)
Loading ... Loading ...

Мизар во Битола

Битола нема публика за Мизар. Значи да разјасниме. Има 100 души кои може да ги слушаат, од нив 40 ги имаат повеќето албуми, а веќе 10 од нив се тешки фанови на Мизар. Кога ќе се сумира има 50 души кои би биле на концерт и би се изжуркале. Вчера Мизар беа во Битола и мене, како слаб љубител на нивната музика со многу малку преслушан материјал, ме разочараа.

Пееше Горан Таневски, иако јас го очекував Трајковски (Анастасија), што не е дел од разочарувањето, иако според мене Трајковски има каде каде подобри гласовни способности од Таневски. Ај пееше фалш, нема врска, Мизар си е бренд веќе, нема потреба од таква проценка, но дел од песните ги упропасти со глупирање на сцената. Тимот зад него (музиката) беше Ок, ништо посебно, најмногу ми се допадна гитарата. Озвучувањето беше релативно добро. Атмосферата на „концертот“ беше за никаде. За никаде. На крајот, завршија и како што сите очекуваа (барем тие што разбираат нешто повеќе) немаше бис.

Мило ми е што Влатко како љубител на Мизар (ГоЛеМ љубител!) вчера беше во Битола и ги гледаше.

Ужас!ЛошоНе е лошоДоброОдлично (Сеуште нема рангирање)
Loading ... Loading ...

Се бара девојката Ја најдов! Што ако ја најдов?

Здраво на сите блогери, администратори и Интернет манијаци.

Во петокот, 20ти јуни 2008г. се враќав за Битола од Скопје. Во истиот автобус патуваше едно прекрасно девојче кое заборави нешто во мене. Не можам да ја најдам, не ѝ зедов број ниту знам како се вика. Знам дека беше висока, прекрасно висока (не повисока од 1.75цм.), со висока нога, добро тело и имаше сина капа (ја носеше настрана). После многуте обиди да ја најдам да ѝ го вратам…нештото…остана уште да објавам на блогов. Можеби како предизвик да се најде личност со помош на нашата блогерска заедница?

Како можете да помогнете? Сетете се дали Вие или некој Ваш во петокот на 20ти патувал со голем куфер за Битола со автобус на Транскоп во 17.00ч. Во Битола стигнавме во 20.00ч. Дали Ви дошол роднина од Скопје за викендот? Братучетка, другарка…? Девојчето патуваше со помало девојче, другарка/сестра/роднина. Веројатноста е да се наоѓа во: Битола, Охрид или Грција (ако одела преку Битола…somehow). Според тоа колкав ѝ беше куферот мислам дека каде и да одела ќе седи подолго време.

Девојчето е прекрасно! И го најдов(ме). Благодарение на постов и еден добар дечко.

Update: Не е скопјанка, битолчанка е. Најверојатно има некој Guido, douche-bag дечко од Jersey (впрочем од Битола али исто ти се фаќа) и се прави нешто а-у m-a rc-update ти реков ми рече главна. Јес да е добра, ама не е meant to be! :) Не знам дали да ѝ се јавам пошто сега веќе не ми е интересно. Еве ја најдовме, ќе ѝ го вратам тоа шо беше и толку! Live goes on. Ќе чекам да дојди Lenny да се изжуркам.

Ужас!ЛошоНе е лошоДоброОдлично (4 гласови, просек: 3 од 5)
Loading ... Loading ...

Сакам да летам!

Pink Floyd, Learning to Fly:

Negativ, Zbunjena:

::постот има видео::

Ужас!ЛошоНе е лошоДоброОдлично (Сеуште нема рангирање)
Loading ... Loading ...

Слики од забавата

Еве слики и од мене.

Ужас!ЛошоНе е лошоДоброОдлично (Сеуште нема рангирање)
Loading ... Loading ...

Во живо од release-party-то на Фајрфокс

Еве се собравме и прославуваме. Еве една слика:

:D

Кој ќе го прочита ова, а е дома -буљаш!

Ужас!ЛошоНе е лошоДоброОдлично (Сеуште нема рангирање)
Loading ... Loading ...

Девојки: пиратирајте!!

Cosmopolitan ги учи девојките како да си го пополнуваат времето и како постојано да доаѓаат до нова музика. Штубајна.

Ужас!ЛошоНе е лошоДоброОдлично (Сеуште нема рангирање)
Loading ... Loading ...

Firefox 3

Ужас!ЛошоНе е лошоДоброОдлично (Сеуште нема рангирање)
Loading ... Loading ...

Следна страна »